Работи кои најмногу се крадат од хотелските соби

Дали некогаш сте биле на одмор во хотел и сте сакале да земете со себе нешто од собата на заминување? Дали навистина ви се допаднаа хотелските влечки (кои, патем, многумина ги имаат дома сè уште завиткани во фолија) или можеби навистина ви се допадна наметката? Работите од хотелот многу често трајно се „позајмуваат“, а една веб-страница неодамна објави интересна анкета на оваа тема.

Германскиот сајт Wellness Heaven спроведе анкета меѓу менаџерите на хотели со 4 и 5 ѕвезди за да испита што забележале дека гостите најмногу крадат од нивните соби. Некои од работите се вообичаени, но некои се прилично изненадувачки! Интересен е и податокот дека однесувањето на гостите во хотелите со 4 или 5 ѕвезди се разликува.

Како што се очекуваше, првите пет предмети вклучуваат крпи, наметки, закачалки, пенкала и козметика. По нив следат батерии, прибор за јадење, уметнички слики, таблети и ќебиња, а на самото дно се сијалиците, душеците, светилките, телефоните и малите фрижидери. Меѓу најбизарните работи кои се пријавени се секако обид за крадење пијано, броеви на хотелски соби, ловечки трофеи, клупа во сауна, hi-fi систем и цвеќиња.

Гостите во хотелите со 5 ѕвезди имаат поголема веројатност да украдат скапи предмети како таблети или слики, додека гостите во поевтините хотели почесто земаат практични предмети како закачалки, батерии и крпи.

Треба да знаете
Последни објави