Најмалку осум загинати во пожар по експлозија на нафтен терминал во Гвинеја

Најмалку осум лица загинаа, а 84 се повредени изутринава во пожар по експлозија на нафтен терминал во главниот град на Гвинеја, Конакри, изјави висок полициски претставник.

Според него, пожарот е под контрола, но бројот на жртви може да се зголеми.

Експлозијата на единствениот нафтен терминал на западноафриканската држава го потресе административниот округ Калоум во центарот на Конакри, разнесувајќи ги прозорците во неколку околни куќи и принудувајќи стотици луѓе да ја напуштат областа, изјави еден сведок.

Огромните пламени јазици и црниот чад можеа да се видат со километри во далечина додека пожарникарите трчаа кон областа, а неколку камиони-цистерни го напуштија магацинот во придружба на војници и полицајци.

Треба да знаете
Последни објави