Извештајот од судска медицина за Вања Ѓорчевска не е официјално доставен до обвинителството

Јавното обвинителство денеска соопшти дека извештајот од Институтот за судска медицина за убиената Вања Ѓорчевска не е официјално доставен до обвинителството.

Од обвинителството посочуваат дека е во фаза на прибирање на сите докази околу истрагата за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Обдукцијата на телата на убиените Вања и Панче заврши на 5 декември.

Осомничениот за убиствата на Ѓорчевска и на Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо е во екстрадиционен притвор во Турција

Треба да знаете
Последни објави