Запленети 3,6 тони хашиш во близина на Канарските острови превезувани со едрилица

Во заедничка операција со царинските и даночните власти, шпанската национална полиција во четвртокот во водите во близина на Канарските острови пресретна едрилица со околу 3.600 килограми хашиш. Уапсени се четворица членови на екипажот: Бугарин, Италијанец и двајца Мароканци.

Станува збор за едрилица долга 15 метри со шпанско знаме, која испловила и тргнала на патека на толку сомнителен начин што специјална царинска патрола решила да го провери пловилото. На бродот биле наредени бали хашиш тешки по 36 килограми и биле видливи со голо око, пренесува Крајмсајт.

Хашот најверојатно бил наменет за европскиот пазар.

Треба да знаете
Последни објави