Search

Еден израелски војник е убиен, а двајца се ранети во напад од јужен Либан

Еден израелски војник е убиен, а двајца други се ранети во напад со беспилотно летало што денеска ги погоди израелските сили во областа Маргалиот во близина на либанската граница, соопшти израелската армија.

-Две беспилотни летала беа лансирани од либанска територија: едното беше пресретнато, додека другото ги погоди војниците на израелските одбранбени сили“,рече портпаролот на армијата, Даниел Хагари на вечерниот брифинг.

Информацијата за загинатиот војник Хагари ја сподели и на својот официјален фејсбук-профил. Хагари рече дека израелски воени авиони извршиле напади врз цели на Хезболах во јужен Либан.

-Ќе продолжиме да напаѓаме цели на Хезболах со голема сила како одговор на секоја непријателска активност против Израел, рече Хагари.

Хезболах, денеска, на социјалните мрежи објави дека го гаѓале израелскиот воен пункт на таа локација со помош на дрон, велејќи дека нападот бил „во поддршка на нашиот непоколеблив палестински народ во Појасот Газа“.

Како што известува Си-Ен-Ен, најмалку шест израелски војници се убиени откако Хезболах започна своите засилени напади од јужен Либан на 8 октомври.

Треба да знаете
Последни објави