Кинезите се пофалија дека направиле батерија која се полни за 15 минути, а може да се вози до 500 километри

Брендот за електрични возила Зикр на кинескиот производител Гили претстави литиум-железо-фосфатни батерии (ЛФП) кои ќе се полнат за 15 минути, а ќе можат да поддржат возење до 500 километри возење.

Од фабриката за батерии во сопственост на матичната компанија на Зикр информираа дека нивната лимузина 007 ќе биде првиот модел на автомобил кој ќе биде опремен со овие батерии кои се полнат за 15 минути и ќе може да се возење до 500 километр.

Зикр досега користеше никел-манган-кобалт батерии од најголемиот светски производител на батерии, кинески CATL, за напојување на своите модели кросовер 001 и повеќенаменските возила 009.

Треба да знаете
Последни објави