Search

Тен Хаг ги брои последните денови на „Олд Трафорд“, ќе го наследи Шпанец ?

Холандскиот фудбалски стратег Ерик Тен Хаг е пред излезната врата на „Олд Трафорд“, откако Манчестер јунајтед не бележи посакувани резултати во англиската премиерлигашка конкуренција, а на европската клупска сцена нема да ја дочека пролетта. Медиумите веќе не го поставуваат прашањето дали ќе замине бидејќи сметаат дека ги брои последните денови меѓу „црвените ѓаволи“, туку кога тоа ќе се случи.

Од Шпанија стигнуваат првите најави дека Манчестер јунајтед ја пронашол неговата замена во Хулен Лопетеги, поранешниот шпански селектор кој беше сменет откако беше откриено дека постигнал договор со Реал Мадрид без да ја извести фудбалската федерација.

Последен негов ангажман беше во Вулвс, па предност за него ќе биде тоа што веќе има искуство во Премиерлигата.

Треба да знаете
Последни објави