Search

Дончиќ ја доби пресметката со Леброн и Дејвис, Јокиќ исклучен во Чикаго

Далас Маверикс во драматичен натпревар славеа над ЛА Лејкерс со 127:125. Ноќта зад нас во НБА лигата го обележа второто исклучувње на Никола Јокиќ од почетокот на сезоната.

Дончиќ го доби дуелот со Леброн Џејмс и Ентони Дејвис. Словенецот кој беше под знак прашалник за овој натпревар забележа 33 поени и 17 асистенции. Помош доби од Тим Хардавеј јуниор, кој со 32 поени го надомести отсуството на повредениот Кајри Ирвинг. Икс фактор во победата беше Данте Егзум кој постигна 26 поени (7 тројки).

Џејмс мечот го заврши со 33 поени, осум скока и девет асистенции. Најефикасен кај Лејкерси беше Дејвис со 37 поени и 11 скокови.

Денвер Нагетс славеа во Чикаго 114:106. Нагетс второто полувреме го играа без најдобриот играч Никола Јокиќ кој беше исклучен поради приговор.

Јокиќ на теренот мина само 16 минути и мечот го заврши со четири поени, девет скока и шест асистенции.

Во тимот на Денвер, кој повторно играше без Џамал Мареј, најефикасен беше Реџи Џексон со 25 поени, Мајкл Портер Јуниор постигна 17, а Џулијан Стротер 16 поени.

За Чикаго Коби Вајт постигна 27 поени, а одличен меч одигра и Никола Вучевиќ со 26 поени и 16 скока.

Резултати:

Бостон – Кливленд 120:113
Далас – ЛА Лејкерс 127:125
Чикаго – Денвер 106:114
Феникс – Голден Стејт 119:116
ЛА Клиперс – Сакраменто 119:99

Треба да знаете
Последни објави