Search

Кјелини објави крај на играчката кариера

Италијанскиот фудбалски великан, 39-годишниот Џорџо Кјелини, објави денеска крај на професионалната играчка кариера.

„Фудбалот ми даде сè. Благодарение на фудбалот, изминав уникатен и незаборавен пат, но сега е време за нови поглавја, соочување со нови предизвици и испишување нови важни страници во животот“, објави Кјелини на социјалната мрежа Икс.

Најголемиот дел од својата кариера Кјелини го мина во Јувентус, освојувајќи со клубот од Торино девет последователни италијански титули, од 2012 до 2020, а два пати дојде и до финалето во Лигата на шампиони (2015, 2017). Последните две сезони го носеше дресот на американскиот прволигаш Лос Анџелес.

За италијанската репрезентација Кјелини одигра 117 натпревари и беше дел од екипата која пред две и пол години ја освои европската титула.

Треба да знаете
Последни објави