Search

Баерн ја спушти завесата за Манчестер јунајтед на евро-сцената

Италијанскиот фудбалски шампион Наполи ја победи Брага со голови постигнати во првото полувреме и го потврди пасманот во нокаут фазата од Лигата на шампионите, каде пласман не обезбеди англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед.

За тимот од Неапол македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса за настап во второто полувреме.

Манчестер јунајтед за продолжен престој на евро-сцената мораше да победи, но бундеслигашот Баерн Минхен не им дозволи таква радост. Кингсли Коман во 71. минута постигна победнички гол ба Баерн и ги елиминира „црвените ѓаволи“ од евро сцената, кои нема да имаат шанса за поправен ниту во Лига Европа.

Данскиот Копенхаген го победи Галатасарај (1:0) во директниот дуел за второто место во групата и се пласира во осминафиналето на ЛШ.

Реал Мадрид со максимален број на бодови ја мина групната фаза откако го совлада бундеслигашот Унион Берлин (2:3). „Кралевите“ преку Модриќ не реализираа пенал, па до крајот на полувремето остана со негатива. Хоселу во вториот дел постигна два гола за целосен пресврт против Унион Берлин. Бундеслигашот израмни во 85. минута, но упорниот Реал вторпат поведе преку Себалјос за конечни 2:3.

Интер и Реал Сосиедад од поодмана го имаа обезбеден пласманот во осминафиналето, па вечерашната пресметка беше за првото место во групата, а ремито без голови (0:0) на крајот значи дека шпанскиот клуб ќе биде прв и во подобра позиција на ждрепката за нокаут фазата.

ПСВ и Арсенал ремизираа 1:1, а Ланс ја совлада Севилја (2:1) и ја елиминира од еверопската клупска сцена. Арсенал како првопласиран продолжува во осминафиналето, а ПСВ ќе го придружува од второто место, додека Ланс одоваа крупа продолжува во Лига Европа.

Треба да знаете
Последни објави