Search

Убиени четири лица, меѓу кои две деца во напад со нож во Њујорк

Четири лица денес беа убиени, меѓу кои две деца, во напад со нож во Квинс во Њујорк.

Убиени се 11-годишно девојче, 12-годишно момче, 44-годишна жена и 30-годишен маж, а се претпоставува дека сите се членови на семејство, соопшти полицијата, пренесоа медиумите.

Во нападот се повредени и три лица, од кои едно потешко. Меѓу повредените има и двајца полицајци кои дошле на местото на настанот.

Според Си-Ен-Ен, полицијата добила повик 911 непосредно по 5 часот наутро од млада жена која рекла дека нејзиниот братучед ги убил членовите на нејзиното семејство, објави на прес-конференција началникот на њујоршката полиција Џефри Мадри.

По пристигнувањето, полициските службеници виделе како излегува маж со багаж, кој на полицајците им извадил кујнски нож, едниот го прободел во вратот и градите, а другиот го удрил во главата, додаде началникот. Еден од полицајците извадил оружје и пукал, убивајќи го осомничениот, рече Мадри.

Треба да знаете
Последни објави