Search

Снежно невреме во Словенија, под Триглав метар и пол снег

Снежното невреме во текот на ноќта и утринава предизвика проблеми низ Словенија, а најмногу снег има во Кредарица кај Триглав, каде наврнаа метар и пол снег, па сега дебелината на снежната покривка на тоа место е 180 сантиметри.

Како што јави словенечката новинска агенција СТА, поради снег на некои патишта има делумен прекин на сообраќајот, а поради силно невреме затворена е и делницата од автопатот од Приморска до Љубљана, меѓу Кастелец и Козина.

Треба да знаете
Последни објави