Хамас „отворен“ за ослободување на повеќе цивилни заробеници, вклучително и мажи

Хамас е отворен за преговори за ослободување на уште повеќе цивилни заробеници кои моментално се држат во Газа, вклучително и мажи изјави Гази Хамад, член на политичкото биро на Хамас.

Сепак, во врска со израелските војници кои се држат во заробеништво, Хамад за Ал Џезира изјави дека „тоа е друга приказна“. – Во оваа фаза зборуваме за цивилни заложници.

Што се однесува до другите, бараме сеопфатна размена и размена за ослободување на сите (7. 200) затвореници во израелските центри за притвор. Тоа е нашата цел, рече Хамад.

– Но, ќе почекаме и ќе видиме.

Имаме целосно трпение, моќ и енергија да го направиме тоа … Израел мора да ги ослободи сите затвореници, а ние сме подготвени да ги ослободиме израелските војници, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави