Анкета: Паѓа рејтингот на СИРИЗА 

Намалување на рејтингот на СИРИЗА за 2,5 отсто во споредба со минатата анкета, пад на третата позиција зад ПАСОК, песимизам за иднината на партијата и разочарување од иницијативите на новиот лидер Стефанос Каселакис, покажуваат резултатите од новото истражување на јавното мислење во Грција спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“.

Поголемиот дел од анкетата е посветен на случувањата во најголемата грчка опозициска партија, меѓутоа е спроведена пред заминувањето на втората фракција од СИРИЗА.

Шест од десет анкетирани сметаат дека ситуацијата во партијата ќе биде „многу или малку полоша“ и „веројатно“ или „сигурно“ негативно ги оценуваат иницијативите на лидерот.

Во однос на распоредот на силите, Нова демократија е прва со 33 отсто, ПАСОК е на втората позиција со 13 проценти, СИРИЗА трета со 12,5, а потоа следат Комунистичката партија и Грчко решение.

Истражување на агенцијата „Pulse“ за телевизијата „Скај“, било спроведено од 19 до 21 ноември со анкетирани 1. 112 лица со право на глас. 

Треба да знаете
Последни објави