Search

Светската криза донесе пад и на македонската берза, но иднината е светла

Македонската Берза во периодот од девет години, од 2013 до 2021 година забележала најдобри резултати бидејќи индексот МБИ10 во континуитет се движел во позитива и во тој период имал раст од над 250%, не информираа од Македонската Берза.

Последните случувања, Ковид кризата, потоа војната во Украина како и настаните на Блискиот исток, донесоа нестабилност на финансиските пазари во Светот. Посебно критична се покажа 2023 годината. Бидејќи Светот речиси се наоѓа во Трета Светска војна, па така, според последните информации кои може да се прочитаат низ глобалните медиуми, голем дел од најголемите компании дури сега ги затвораат буџетските планови за следната година. Тоа е со доцнење од речиси еден месец. Ние ја исконтактиравме македонската берза и побаравме став за состојбата во Македонија и македонските компании.

„ Локално, регионално и глобално, општото економско окружување во 2023 година беше со многу предизвици, песимизам поради зголемувањето на инфлацијата, зголемувањето на каматните стапки, можноста од рецесија и друго. На нашиот пазар, особено во првиот квартал, силно негативно влијание дополнително имаше и новото оданочување на капиталните добивки од тргувањето со хартии од вредност. Понатаму, зголемувањето на каматните стапки поради неопходното зауздување на инфлацијата гледано vis-a-vis интересот на инвеститорите за тргување со акции на берзата предизвикува негативна корелација затоа што банкарските депозити стануваат повторно поатрактивни, а истовремено тие се’ уште не се оданочуваат“.

Од берзата посочија дека продолжува и состојбата на малото учество на странските портфолио инвеститори во тргувањето, во комбинација со зголемување на прометот што домашните инвеститори го реализираат на странските пазари.

„ Имајќи ги предвид овие фактори, во 2023 година, после подолг временски период, се забележува една забавена динамика на Македонската берза. Вкупниот берзански промет (заклучно со 31.10) по сите основи изнесува 64 милиони евра, што е намалување во споредба со истиот период минатата година од околу 42%. Прометот во БЕСТ системот, класичното тргување со акции и со обврзници, е 37 милиони евра, односно околу 45% помал од ланскиот. Просечно дневно во БЕСТ системот се склучуваа 46 трансакции, а просечниот износ на дневниот промет е околу 11,05 милиони денари. Од друга страна, индексот МБИ10 на годишно ниво бележи плус од 4,5%. Подеталната анализа и компарација со берзанската статистика од минатите години, покажува дека берзанскиот промет е на ниво од пред 2018 година, односно како во периодот 2012-2018 година, кога статистичките перформанси на Македонската берза биле слични, па и полоши“.

Игор Мицкоски

Треба да знаете
Последни објави