Search

Бектеши: Цената на струјата останува иста и по 1 јануари

Струјата нема да поскапи, по 1 јануари. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе може да интервенира во цената, ако се утврди дека пресметките не се направени како што треба. Со последните измени на Законот за енергетика, воведовме универзален снабдувач на кого рокот му истекува наредната година, а започната е постапката за нов универзален снабдувач, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши, по најавите дека РКЕ отсега нема да ја одредува цената на електричната енергија, туку тоа ќе го прави ЕВН Хоум.

Министерот истакна дека и по 1-ви јануари 2024 година ќе биде истиот тарифен систем. Според него, претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски ќе има право да интервенира во цената, ако се утврди дека пресметките не се направени правилно.

-Нема да се зголеми цената на струјата по 1-ви јануари и во блоковите и во целина. Сакаме се повеќе да ги заштитиме ранливите категории на граѓани и тие кои што штедат, кажа Бектеши во изјава за медиумите.

Околу тоа кој ќе има го има последниот збор во однос на одредувањето на цената, Бектеши е дециден дека тоа ќе биде Регулаторната комисија бидејќи, како што вели, ќе направи надзор и дали начинот на пресметка согласно тарифниот систем, е направен коректно.

Треба да знаете
Последни објави