Search

„Македонски семејни винарии“: На саемот во Белград освоивме 11 златни, 28 сребрени и 25 бронзени медали 

На саемот во Белград освоивме 11 златни, 28 сребрени и 25 бронзени медали, информираа денеска од Здружението „Македонски семејни винарии“ со седиште во Кавадарци.

 -Бележиме одличен настап  и успех на вината од македонски производители, членови на нашето здружение, на Wine vision by Open Balkan во Белград.

Со законски олеснувања, за само неколку години, ја оправдавме довербата и со секој нов саем покажуваме и докажуваме дека македонското вино е нешто на што треба да се гордееме, рече за МИА, Горан Јаковлевски, претседател на Здружението.

 Тој потсети дека бројот на членови постојано им расте а наградите се добиени во конкуренција на многу држави, не само од Балканот, туку и од Европа.

Треба да знаете
Последни објави