Search

И Пелистер на Златибор заврши со пораз

И Пелистер со пораз, од домаќинот Златибор (84:76) во последното 5. коло на турнирот од регионаллната кошаркарска АБА 2 лига. Македонскиот вицешампион се наоѓаше во водство повеќе од 25 минути. Последен пат со 72:71, на нешто помалку од четири минути пред крајот по што Златибор го зададе финалниот удар. Во последните две минути Пелистер не постигна поен, па по 78:76, Златибор направи серија од 6:0 и го реши мечот во своја корист по што се врати на челната позиција на табелата со биланс 4-1, колку што имаат и Војводина, Широки и Спартак.

Јуре Планиниќ, кој минатото коло беше МВП, со 21 поен и индекс 33 го предводеше Пелистер, Бернард додаде 16, а Мијовиќ 12 поени.

По вториот турнир од АБА 2 лигата, Пелистер се наоѓа на десеттата позиција со две победи на петте меча, а МЗТ Скопје е најдобро пласиран македонски тим, на петтото место со скор од 3 – 2.

Треба да знаете
Последни објави