Search

Брнабиќ: Ќе ми биде тешко да соработувам со земјите спонзори и коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Ќе ми биде исклучително тешко да соработувам со земјите спонзори и коспонзори на резолуцијата за Сребреница, изјави претседателката на парламентот на Србија, Ана Брнабиќ, за Радио и телевизија на Србија (РТС). Вчера во Обединетите нации со 84 гласа „за“, 19 против и 68 воздржани беше усвоена нацрт резолуција за Сребреница.
-Ќе се чувствувам многу поблиска со земјите кои гласаа против или воздржано или ја напуштија просторијата. Ќе продолжиме да работиме со нашите партнери, Европската унија е во наш интерес, но јас секогаш ќе бидам со земјите кои беа со нас, рече Брнабиќ.
Генералното собрание на ОН со резолуцијата 11 јули го прогласи за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и го осуди негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници.

Треба да знаете
Последни објави