Search

Барселона потврди дека Чави добил отказ

Фудбалскиот клуб Барселона потврди дека Чави Ернандез повеќе нема да биде тренер на првиот тим.

Како што беше најавено, Џоан Лапорта не му ги прости критиките на Чави за лошата ситуација во клубот и денеска му врачи оставка.

Барселона на официјалниот сајт на клубот потврди дека Чави последен пат ќе седне на клупата против Севилја во недела.

„Фудбалскиот клуб Барселона му се заблагодарува на Чави за сè што направи како тренер, надградувајќи го она што го прави како играч и капитен. Клубот му ја посакува сета среќа на светот. Чави ќе го води тимот за последен пат време во недела на гостувањето кај Севилја. Во наредните денови Барселона ќе објави повеќе информации за новиот тренер“, соопшти Барселона.

Како што е познато, Лапорта и спортскиот директор Деко, постигнале договор со Ханси Флик, кој во понеделник ќе биде назначен за нов тренер.

Треба да знаете
Последни објави