Search

МЗШВ: Македонскиот штанд со најголем број винарии изложувачи на саемот Винска Визија на Отворен Балкан 

Голема посетеност и заинтересираност за македонското вино има на македонскиот штанд на вториот меѓународен саем „Винска Визија на Отворен Балкан” во Белград.

Македонскиот штанд оваа година е со најголем број на винарии изложуважи, претставен со 74 винарии и дестилерии, и со над 1000 вински етикети, што е скоро двојно повеќе изложувачи од минатата година.

Големо внимание и оваа година привлекоа нашите мали семејни винарии, кои се единствени во регионот. Министерство за шумарство и водостопанство оваа година го распиша вториот јавен повик за поддршка на малите семејни винарии со грант од 10.000 евра како поддршка за набавка на опрема за производство. Во текот на овој месец доделени ќе бидат и над 90 нови договори за поддршка на малите семејни винарии.

Оваа година за првпат се креираше и поддршка за малите дестилерии, со грант поддршка до 5.000 евра за набавка на опрема за производство. Поддршка од првиот повик ја искористија 12 мали дестилерии.

Како поддршка за винопроизводството годинава е донесена нова десетгодишна стратегија  за уште поголем развој на овој сектор и искористување на целосниот потенцијал.

Крајниот резултат кој го очекуваме од оваа стратегија е зголемување за 50% во литри и евра на извозот на вино во шишиња, зголемување за 10% на вредноста на наливното вино во евра, воспоставување на најмалку три заштитени географски ознаки, минимум 10% од виното пуштено во промет да носи географска ознака до крајот на 2033 година, за минимум 30% обновуање на лозовите насади и зголемување за 5% на површината под лозови насади и 4% од лозовите насади да произведуваат органско сертифицирано винско грозје.

Подготвен е и нов закон за вино којшто е целосно усогласен со директивите на ЕУ и со кој за прв пат на лозарите им се дава гаранирана цена, односно до 15 јули во тековната година за најмалку две најзастапени сорти, преку поставена методологија од страна на научни институции ќе се утврдува производната цена на винско грозје по килограм, која ќе мора да ја почитуваат винариите.

Министерот Николовски на саемот посетувајќи ги македонските изложувачи на саемот “Винска Визија на Отворен Балкан” изрази благодарност до сите наши лозари и на сите наши винарии, големи и мали, кои силно придонесуваат за раст на домашната економија.

Треба да знаете
Последни објави