Search

Првпат по 7 октомври камион со гориво влезе во Појасот Газа

Цистерна со гориво денеска го премина граничниот премин Рафах и влезе во блокираниот Појас Газа, јавија египетски медиуми и два безбедносни извора.

Тоа е првиот камион со гориво што влезе во Појасот Газа по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Според очевидци уште две цистерни со гориво чекаат да преминат во Појасот Газа.

Горивото ќе биде доставено до Обединетите нации за да се забрза испораката на помош. ОН претходно предупредија дека најверојатно ќе ги прекинат операциите за помош на палестинската територија поради недостиг на гориво.

Треба да знаете
Последни објави