Search

Околу 200 тела се закопани во масовна гробница во близина на болницата Ал-Шифа во Газа

Околу двесте тела се пронајдени закопани во масовна гробница во близина на Ал-Шифа, најголемата болница во Појасот Газа, изјави денеска д-р Аднан Ел Бурш.

Тој изјави дека на медицинскиот персонал му биле потребни шест часа за да закопаат над 200 луѓе.

„Почнавме околу 8:30 наутро и завршивме околу 15:00 часот по локално време“, рече Ел Бурш.

Според него, телата биле таму со денови додека не почнале да се распаѓаат, поради што на лекарите не им преостанало ништо друго туку да ископаат масовна гробница.

„Не можевме да ги отвориме прозорците на зградите поради непријатната миризба што доаѓаше од дворот“, изјавил палестинскиот лекар.

Претходно од Ал-Шифа било кажано дека во масовна гробница во близина на зградата на болницата се закопани 179 лица.

Треба да знаете
Последни објави