Search

Најмалку 179 пациенти на болницата Ал Шифа се погребани во „заедничка гробница“

Најмалку 179 тела се погребани денеска во „заедничка гробница“ во рамките на болничкиот комплекс Ал Шифа во Газа, изјави д-Мохамед Абу Салмија. Тој додаде дека меѓу погребаните во тој гроб има седум предвремено родени бебиња, кои починале поради недостиг на електрична енергија.Саламија посочи и дека денеска на интензивна нега починале уште две лица, со што бројот се искачи на 29 од саботата кога беше прекинато напојувањето со електрична енергија во болницата Ал Шифа.

Израелски тенкови денеска се речиси пред влезот во болницата Ал Шифа.

Судирите меѓу израелската армија и палестинските екстремисти на северот на Појасот Газа принудија уште 200.000 луѓе да го напуштат југот во изминатите десет дена, објави хуманитарната канцеларија на ОН. Израелската армија со денови ги повикува жителите на северот да се преселат на југ, односно подалеку од центарот на конфликтот. Повеќе од две третини од 2,3 милиони жители на Појасот Газа ги напуштија своите домови од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас пред 39 дена.

Канцеларијата на Обединетите нации за хуманитарни прашања OCHA објави дека само една болница на север може да лекува пациенти. Двете страни се судираат околу болниците каде пациентите, новороденчињата и здравствените работници се под опсада без струја и нема залихи.

Повеќе од 11.000 Палестинци загинаа во Газа, од кои повеќето жени и малолетници, а околу 2.700 се водат како исчезнати.  Повеќе од 1.200 луѓе беа убиени во Израел, а околу 240 заложници беа однесени во Газа. 

Треба да знаете
Последни објави