Search

Зголемени безбедносни сили во Вашингтон за масовниот митинг „Марш за Израел“

Полицијата во Вашингтон ги зголеми безбедносните мерки пред денешниот митинг за поддршка на Израел, на кој се очекува да присуствуваат десетици илјади луѓе.

Нема веродостојни закани или контрадемонстрации како одговор на „Маршот за Израел“, каде демонстрантите ќе му покажат поддршка на Израел и ќе го осудат антисемитизмот, се вели во проценката на разузнавачките служби на американската Капитолска полиција, пренесува Си-Ен-Ен.
Сепак, Министерството за домашна безбедност утврди дека настанот ќе бара „широка поддршка од повеќе федерални агенции“.

Лидерите на еврејската заедница и познати личности треба да зборуваат на демонстрациите, кои се случуваат во време на зголемени тензии во САД и во светот поради војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

„Маршот за Израел“ ќе биде можност за сите Американци да се солидаризираат со народот на Израел, да ја покажеме нашата посветеност на најважниот сојузник на Америка на Блискиот Исток, да го осудиме растечкиот тренд на антисемитско насилство и вознемирување, и да се побара итно и безбедно ослободување“, се наведува во соопштението на организаторите.

Треба да знаете
Последни објави