Search

Ексон мобил сака да стане водечки производител на литиум батерии за електрични возила

Американскиот енергетски гигант Ексон мобил најави дека сака да стане водечки производител на литиумски батерии што се користат во електрични возила (EVs). Ексон, според CNBC, претходно годинава купи 120.000 хектари земјиште во американската сојузна држава Арканзас на локација која е богата со литиум и планира наскоро да започне со дупчење.

Компанијата ќе започне со производство на литиумски батерии во 2027 година, а нејзината цел е да обезбеди доволно литиум за производство на еден милион електрични возила годишно до 2030 година.

Америка во голема мера се потпира на увоз на литиум од Аргентина и Чиле за свои потреби и покрај тоа што има некои од најголемите наоѓалишта во светот, според Геолошкиот институт на САД. Во Америка, литиумот моментално се произведува само на една локација, во сојузната држава Невада.

Треба да знаете
Последни објави