Search

Ганц: Борбите во Газа ќе продолжат и доколку Израел се согласи на хуманитарни паузи

Израелскиот министер и член на воениот кабинет, Бени Ганц, денеска изјави дека дури и да се согласи на пауза во борбите во замена за ослободување на заложниците, Израел ќе продолжи да води борби против Хамас во Појасот Газа.

-Дури и доколку е потребен прекин на огнот за враќање на заложниците, нема да има запирање на војната, рече Ганц за време на посетата на военото раководство во северен Израел, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека Израел ќе продолжи да се бори „додека не се постигнат нашите цели“ и изјави дека „се прават сите политички и воени напори девојчињата и момчињата безбедно да се вратат дома“.

-Правиме се што е можно за да ги вратиме сите, на кој било начин, рече Ганц.

Проценките се дека во моментов во Појасот Газа има околу 240 заложници кои беа киднапирани од терористите на Хамас за време на нападот врз Израел на 7 октомври.

Треба да знаете
Последни објави