Search

Петровски: ВМРО во време на Ванчо Михајлов било подемократско од денешното ДПМНЕ

„ВМРО во времето на Ванчо Михајлов било подемократска организација од денешното ДПМНЕ“ изјави Филип Петровски во емисијата „Во центар“ и додаде дека сепак Михајлов цело време бил под контрола на бугарската држава.

Тој додаде дека имало тројца во ЦК со врзани потписи, за да се спречи правење султанат од организацијата.

„Кога се правеле конгреси, месните организации делегирале делегати, вистински делегати. А не како сега, листите на делегати се прават во централата во Скопје“ рече Петровски.

Тој во емисијата истакна дека актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не е способен да биде лидер и обвини дека е избран на фалц конгрес.

Треба да знаете
Последни објави