Search

Богоев: Дали Мицкоски преговарал со Касами за промена на химната и знамето?

Движењето БЕСА е за што поскоро одржување на парламентарните избори, рече нејзиниот лидер и градоначалник на Тетово, Билал Касами, кој се осврна и на промена на името и знамето.

-Се додека химната на државата ги повикува Македонците како етникум и се однесува на нив, Албанците не може да се чувствуваат комотно и тоа не го кажувам прв пат. За Албанците да ја чувствуваат химната како своја, мора да бидат дел од неа. Не сме против тоа што химната се однесува на Македонците. Не само химната, туку сите симболи на државата да ја рефлектираат реалноста. Знамето е класичен пример, иако според мене е неутрално во однос на етникумите, рече меѓу другото Касами во телевизиското гостување.

Во врска со ова денес на својот Фејсбук коментар даде и Стефан Богоев, потпретседател на СДСМ и доректор на Царинска управа.

Треба да знаете
Последни објави