Search

Триесет мигранти повредени при експлозија во зграда во италијанскиот град Сан Лоренцо Нуово

Триесет мигранти се повредени, од кои еден потешко, кога се урна зграда по експлозија во ресторан во малиот град Сан Лоренцо Нуово во Лацио, во централна Италија.

Тешко повредениот мигрант со хеликоптер е пренесен во болница во Рим, интубиран е и е во кома, јави италијанската новинска агенција.

И останатите повредени се пренесени во болници, а интервенирале и противпожарни единици. 

Треба да знаете
Последни објави