Search

ОН: Хуманитарна помош влегува во Газа преку Рафах, но се уште нема гориво

Вкупно 526 камиони со хуманитарна помош влегле во Појасот Газа преку граничниот премин Рафах, но гориво се уште нема, изјави денеска на брифинг со новинарите портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации, Стефан Дижарик.

„Од 21 октомври, 526 камиони со хуманитарна помош влегоа во Појасот Газа преку граничниот премин Рафах, но ниту еден со гориво“, рече Дижарик.

Дижарик истакна дека египетските власти се согласиле да распоредат техничка единица на ОН, која ќе дејствува во хуманитарен капацитет и ќе обезбеди советодавна поддршка на египетската Црвена полумесечина.

Претходно, портпаролот на египетското Министерство за надворешни работи, Ахмед Абу Зеид, изјави дека пречките што ги создава Израел и активноста на израелската страна во врска со испораката на хуманитарна помош до Појасот Газа го отежнуваат пристигнувањето на помошта до палестинците во енклавата.

Тој објасни дека „процесот на носење помош во Газа се соочува со сериозни логистички проблеми наметнати од израелската страна“.

Треба да знаете
Последни објави