Search

Италија ќе го забрани лабораториски одгледуваното месо и друга вештачка храна

Во долниот дом на италијанскиот парламент треба да започне дискусија за законот со кој би се забранило производство, увоз и пласман на храна произведена во лаборатории, пренесува Евроактив.

Италија ќе ја забрани синтетичката храна, изјави италијанскиот министер за земјоделство Франческо Лолобриџида. Со овој чекор, Италија би станала првата земја во светот што го направила тоа.

„Ќе бидеме првата нација без синтетичка храна, затоа сакаме да дадеме пример како може да се регулира“, рече министерот и додаде дека Италија не може да дозволи да се произведува квалитетна храна само за богатата елита.

Неговиот став го дели Јануш Војчеховски, европски комесар за земјоделство кој се залага за традиционално земјоделство и сака заштита на традиционалните производи.

„Синтетичкото месо не е месо, синтетичкото млеко не е млеко. Јас бранам природен производ, а користењето на такви имиња за вештачки производи, според мене, не е чекор во вистинската насока“, додаде тој и посочи дека Европската комисија издвојува повеќе од шест милијарди евра за благосостојба на животните и производство на традиционална храна.

Треба да знаете
Последни објави