Search

Американските Евреи во Њу Јорк ја „окупираа“ Статуата на слободата барајќи прекин на огнот во Газа

Стотици американски еврејски активисти денеска мирно ја „окупираа“ Статуата на слободата во Њујорк, барајќи прекин на огнот и прекин на израелското „геноцидно бомбардирање“ на цивилите во Газа.

Облечени во црни маици со пароли „Евреите бараат прекин на огнот“ и „Не во наше име“, демонстрантите развиле транспаренти во подножјето на познатиот споменик во Њујорк на кои пишувало „Целиот свет гледа“ и „Палестинците треба да биди слободен“, пренесува Гласот на Америка.

„Познатите зборови на нашиот еврејски предок Ема Лазарус, врежани во овој споменик, не принудуваат да преземеме акција и да ги поддржиме Палестинците во Газа, кои копнеат да дишат слободно“, рече Џеј Сапер од организацијата Еврејски глас за мир, која го организираше овој митинг.

Ема Лазарус е активистка од 19 век која им помогнала на еврејските бегалци да избегаат од Европа во Њујорк.

Во официјалното соопштение беше цитирана нејзината песна „Новиот колос“, која беше врежана на пиедесталот на Статуата на слободата, како ода за американските доселеници.

Демонстрантите, од пропалестинската невладина организација Институт за разбирање на Блискиот Исток, побараа прекин на „геноцидното израелско бомбардирање на палестинските цивили во Газа“.

„Се додека граѓаните на Газа врескаат, ние мораме да врескаме погласно, без разлика кој се обидува да не замолчи“, изјави фотографката Нан ​​Голдин.

Њујорк е потресен од произраелски и пропалестински демонстрации во последните месеци.

Њујорк е дом на околу два милиони Евреи и стотици илјади муслимани и досега избегнуваше насилство поврзано со конфликтот во Појасот Газа, иако тензиите се високи на одредени места, како што се универзитетските кампуси,

Треба да знаете
Последни објави