Search

УНРВА: Осумдесет и осум вработени убиени во Газа

ОН соопштија дека 88 членови на персоналот на нивната палестинска агенција за бегалци УНРВА биле пријавени убиени од почетокот на воените дејствија на 7 октомври што е најголем број жртви на организацијата регистрирани во еден конфликт. 

Во заедничката изјава на шефовите на сите големи агенции на ОН се изразува огорченост за бројот на загинати цивили во Газа и се повикува на „итен хуманитарен прекин на огнот“, истовремено барајќи од Хамас да ги ослободи заложниците што ги киднапираше од Израел.

-Поминаа 30 дена. Доста е доста. Ова мора да престане сега, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави