Search

Заврши драмата на аеродромот во Хамбург од каде киднаперот го одведоа специјалци, а девочето е во добра состојба

Германската полиција објави крај на заложничката драма на аеродромот во Хамбург. Триесет и петгодишниот маж, кој од синоќа ја држеже во заложништво својата четиригодишна ќерка, излегол од автомобилот со кој се паркирал на пистата и се предал.

-Осомничениот излезе од автомобилот со ќерката. Не даваше отпор при апсењето. Детето изгледа неповредено – соопшти полицијата во Хамбург.

Заложничката криза почна синоќа во 20:24 часот, кога маж, со автомобил од марката „Ауди“, влета на пистата пред еден од авионите, пукаше во воздух и фрли два молотови коктела. Притоа во автомобилот беше неговата ќерка.

Полицијата воспостави контакт со осомничениот околу 23 часот. Локалниот весник „Хамбургер морген пост“ утрово објави дека преговорите, по барање на осомничениот, се воделе на турски јазик со помош на преведувач. Други медиуми објавија дека таткото сакал да одлета за Турција заедно со неговата ќерка.

Според Би-Би-Си, властите веруваат дека ситуацијата вклучувала спор околу старателството над детето и дека мажот не се согласувал со некои од одлуките на властите во врска со уредувањето на старателството и сакал да отпатува во Турција со детето.

Треба да знаете
Последни објави