Search

Шест аргентински и еден бразилски навивач се упасени по физичка пресметка на плажата Копакабана во Рио де Женеиро

Шест аргентински и еден бразилски навивач се упасени по физичка пресметка на плажата Копакабана во Рио де Женеиро, пред утрешното финалето во Копа Либертадорес меѓу Флуминенсе и Бока Јуниорс.

Локалните медиуми јавија дека состојбата набрзо е ставена под контрола, откако војската интервенирала со солзавец и гумени куршуми.

Најмалку четири лица побарале лекарска помош.

Утрешното, 64. по ред финале во Копа Либертадорес, ќе биде 12. во клупската историја за аргентинска Бока Јуниорс, а само второ за бразилски Флуминенсе.

И покрај фактот дека навивачите на Бока имаат право на 20.000 влезници, во Бразил се очекува да допатуваат повеќе од 100.000 симпатизери на аргентинскиот фудбалски гигант.

Дополнителен метеж во Рио ќе предизвикаат и концерти на американскиот бенд „Ред Хот Чили Пеперс“, бразилската популарна пејачка Роберта Карлос, како и студентските приемни испити.

Канцеларијата на градоначалникот на Рио де Женеиро изнесе проценка дека овие случувања заклучно со недела ќе привлечат во градот околу 400.000 посетители, од кои некои веќе резервирале 82 отсто од градските хотелски капацитети.

Треба да знаете
Последни објави