Search

(Фото/Видео) Огромна риба „уловена“ во езерцето во Градскиот парк

Огромен примерок на рибата од видот Толстолобик денеска беше изваден од езерцото во Градскиот парк.

Примерокот е долг над еден метар и тежок околу 15 килограми.

Вработените во ЈП „Комунална хигиена“, кои веќе неколку дена го празнат и го чистат езерцето, денеска го извлекоа големиот толстолобик и привремено го свестија во кајак наполнет со вода.

Ова е досега можеби најголемиот примерок на риба уловен во езерцата низ паркот и е доказ дека овие води во најголемиот парк во Скопје се богати со животински свет.

Треба да знаете
Последни објави