Search

Најмладиот милионер во Македонија има 24 години, највозрасниот 77

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска денеска на прес конференција на тема  „Годишна даночна пријава – Највисок доход во 2022 година“ информираше дека најмладиот милионер во евра во земјава има 24 години, додека пак највозрасниот има 77 години.

„24-годишник е најмладиот милионер во евра за 2022 година со остварен и пријавен доход од странство во износ 61,6 милиони денари, а 77-годишно лице со остварени 92,9 милиони денари доход е највозрасниот милионер во евра кој доходот го остварил главно од дивиденти од компании во земјава“, вели Лукаревска.

Лукаревска посочува дека најмладиот милионер во денари има само 9 години. Според неа најмладиот милионер се стекнал со финасиите по основ на наследство и оттаму ги влече приходите.

Треба да знаете
Последни објави