Search

Стручниот штаб на македонската ракометна репрезентација засилен со хрватски стретег

Стручниот штаб на машката ракометна репрезентација на Македонија пред стартот на подготвките за тест-двомечот со Грција во Солун е засилен со нов тренер за голманите, хрватскиот стратег Нинослав Павелиќ.

Хрватот има 50 години и во неколкуте последни сезони работеше во редовите на Нексе. Павелиќ има искуство и со работа во репрезентација на Хрватска каде беше дел од стручниот штаб во 2017 година.

Павелиќ во ракометната селекција на Македонија доаѓа на местото на Ице Соколевски.

-Местото на Соколески ќе го пополни Палевиќ. Станува збор за познат хрватски експерт кој му беше помошник на Хорват, потврди Лазаров.

Треба да знаете
Последни објави