Search

Лазаров прозиваше за тест-двомечот со Грција

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров денеска ги прозиваше своите избраници за двата контрони дуели со Грција во Солун. Повикани се 22. проверени кандидати. Крилото Никола Костески од чешки Плзен е повратник во националниот тим. Поради клупски обврски Филип Кузмановски и Никола Митревски ја прескокнаа прозивката и ќе се стават на располагање од утре.

Македонија мини подготовките ќе ги реализире во Скопје, во салата „Автокоманда“ до четврток кога ќе отпатуваат за Солун. Двете пријателски средби се закажани за в петок и сабота.

-Имаме пред нас пријателски натпревари на кој можеме да пробаме одредени работи и да видиме што треба да поправиме за Европското првенство каде не чека тешка група. Играме со противник кој во последните години вложува во ракометот и се квалификува на ЕП 2024, а притоа екипи од Грција излегуваат и на европска сцена. Ова значи дека ќе одиграме два квалитетни натпревари и ќе видиме до каде сме за да можеме да поправиме за тоа ЕП. Играчите се истите, но со поголемо искуство, 80 отсто од нив играат на европска сцена, и тоа за нив е голем плус. Мислам дека сите имаат сфатено што значи да се игра светски и европски ракомет, тоа искуство ќе биде голем плус за нас во репрезентацијата, вели Филип Талески.

Треба да знаете
Последни објави