Search

Кин: Фернандеш не е за капитен на Манчестер јунајтед

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рој Кин смета дека Бруно Фернандеш не треба да биде капитен на тимот од „Олд Трафорд“.

– Дефинитивно би му ја одземал капитенската лента од Бруно Фернандеш. Цело време се жали. Се нешто му пречи. За мене тој е сосема спротивно од она што треба да биде капитен, изјави Кин за „Sky Sports“.

Дваесет и деветгодишниот Португалец летово стана капитен на Јунајтед. Претходно, тренерот Ерик тен Хег, му ја одзеде капитенската лента на Хари Мегваер.

Оваа сезона Фернандеш одигра 13 натпревари во сите натпреварувања, постигна два гола и беше творец на три асистенции. 

Треба да знаете
Последни објави