Search

Деветмина приведени за каменувањето на автобусот на фудбалерите на Лион, повредени пет полицајци

 Француската полиција проведе девет луѓе и трага за преостанатите осомничени за нападот врз автобусот на фудбалерите на Лион во кој беше повреден тренерот Фабио Гросо, изјави денеска министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин.

Францускиот министер соопшти и за петмина повредени полицајци во инцидентот кој предизвика бура од негативни реакции во јавноста.

-Срамота и гадење, порача на насловната страница најтиражниот француски спортски весник „Л’Екип, објавувајќи и фотографија од раскрвавеното лице на тренерот на Лион.

Дерби натпреварот во рамки на десеттото коло во француското првенство меѓу Марсеј и Лион беше откажан, откако автобусот на гостинскиот тим беше каменуван во неделата вечер на пат кон стадионот „Велодром“, при што тренерот Фабио Гросо беше сериозно повреден.

Инцидентот денеска остро го осуди и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој порача преку социјалните мрежи дека „насилството апсолутно нема место во фудбалот“. 

Треба да знаете
Последни објави