Search

Шкупи преку Работнички стаса до врвот

Поранешниот фудбалски шампион на Македонија, тимот на Шкупи по 12. коло ја презеде водечката позиција во прволигашката конкуренција, како ко-лидер со тетовска Шкендија со која имаат еднаков број на бодови, но подобра гол-разлика. Чаирчани со триумфот во градското дерби против Работнички (3:0) се новите лидери, откако актуелниот шампион Струга Трим Лум направи кикс на гостувањето во Гостивар, а Шкендија пред своите навивачи одигра само нерешено.

За седма сезонса кобеда во Чаир се погрижија двојниот стрелец Куевен во 39 и 74 минута и Кука кој погоди во 52 минута од средбата.

На Градскиот стадион во Тетово екипите на Шкендија и Воска Спорт ремизираа со резултат 1:1. Водеа гостите од 47 минута со голот на Бајрами, а бод за домаќините донесе Шала во 74 минута.

Гостивар дома го совлада актуелниот шампион Струга со 2:1. Кехинде во 36 и Потук во 44 минута беа стрелци за Гостивар, а на спротивната страна стрелаше Компаоре (59`).

Македонија ЃП од 33 минута со погодокот на Попзлатанов водеше со 1:0 против Тиквеш кој успеа да го избегне поразот во 90 минута преку Ивановски.

Вардар дојде до нов триумф во шампионатот откако славеше против Брера (1:0), а бодовите ги обезбеди Омерагиќ во третата минута од натпреварот.

Резултати на натпреварите од 12. коло во ПМФЛ одиграни попладнево:

Гостивар – Струга ТЛ 2:1
Македонија ЃП – Тиквеш 1:1
Шкендија – Воска Спорт 1:1
Шкупи – Работнички 3:0
Вардар АП Брера Струмица 1:0

Табела: Шкупи 25 бода, Шкендија 25, Струга ТЛ 21, Силекс 20, АП Брера 15, Тиквеш 15, Брегалница 14, Гостивар 14, Работнички 13, Македонија ЃП 12, Воска Спорт 12, Вардар 11.

Треба да знаете
Последни објави