Search

Родителите на ѕведзата на Ливерпул киднапирани во Колумбија

Фудбалерот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Луис Дијаз, се соочува со семејна драма во неговата рдона земја Колумбија, каде се киднапирани неговите родители. Две непознати лица кои биле на мотор, ги киднапирале на бензинска пумпа. Мотивот се претпоставува дека е е изнуда на пари од познатиот фудбалер.

Полицијата го презела случајот и успеала да издејствува ослободување на неговата мајка.

Таткото на Диаз се уште е во заложништво кај киднаперите. Операцијата на полицијата продолжува за негово ослободување.

Полицијата тврди дека врши пребарување на голем број сомнителни локации во околината на Баранкас, родниот град на Диаз и местото каде и сега живеат неговите родители.

Ливерпул денес има натпревар во Премиер лигата, па останува да се види дали Дијаз ќе биде во можност за настап.

Треба да знаете
Последни објави