Search

Папата Франциск повторно повика да прекине војната меѓу Израел и Хамас

Папата Франциск денеска повика на прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас и го повтори апелот за ослободување на заложниците кои ги држеше палестинската милитантна група во Газа.

Никој да не се откаже од можноста да го запре оружјето, рече Папата на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

„Престанете на огнот“, нагласи тој, спомнувајќи го неодамнешниот телевизиски апел на отец Ибрахим Фалтас, еден од претставниците на Ватикан во Светата земја. Потоа со свои зборови додаде:

„Ние велиме „прекин на огнот, примирје“. Браќа и сестри, престанете! Војната е секогаш пораз, секогаш“.

Треба да знаете
Последни објави