Search

Илон Маск е против американските царини за кинеските електрични возила

Сопственикот на Тесла, Илон Маск, изјави дека се противи на американските тарифи за кинеските електрични возила (ЕВ) и не поддржува мерки кои го нарушуваат пазарот.

Тој преку видео врска им кажа на технолошките инвеститори во Париз дека одлуките кои „ја попречуваат слободата на размена или го нарушуваат пазарот не се добри“.

„Ниту Тесла, ниту јас не ги побаравме овие тарифи, а всушност бев изненаден кога беа објавени“, рече Маск. Американскиот претседател Џо Бајден претходно овој месец воведе нови царини за низа кинески производи, вклучително и електрични возила, во обид да го поттикне производството во САД.

Администрацијата на Бајден задржала голем број тарифи воведени од поранешниот претседател Доналд Трамп, додека ги зголемила другите, вклучително и четирикратно зголемување на тарифите за електрични возила на повеќе од 100 проценти.

Белата куќа објави дека новите мерки ќе влијаат на увезената кинеска стока во вредност од 18 милијарди долари.

Треба да знаете
Последни објави