Search

(Видео) Фјури дожувеа нокдаун, но победи во спектаклот во Ријад со Енгану

Тајсон Фјури во десет рунди со судиско бодување го победи Франсис Енгану во борба одржана во Ријад. Двајца од судиите на крајот од борбата предност му дадоа на актуелниот шампион на ВБЦ во тешка категорија Фјури (96:93 и 95:94), а еден победнички го бодуваше поранешниот шампион на УФЦ, Енгану (95:94).

Фјури влезе во мечот како голем фаворит со оглед на тоа што ова беше прва професионална боксерска борба на Енгану. Сепак, Британецот тоа не го оправда. Камерунскиот ММА борец со француски пасош се покажа како многу опасен противник и во третата рунда го зададе најсериозниот удар на целиот меч, а Фјури заврши со нокдаун.

Во преполната модерна арена во Ријад, на мечот со стандардни боксерски правила меѓу тешкашите од два различни спорта, специјален гостин беше фудбалската ѕвезда Кристијан Роналдо.

Треба да знаете
Последни објави