Search

(Видео) Родителите на Дијаз се ослободени откако полицијата ги ликвидира киднаперите

Последна вест која пристигнува од Колумбија во врска со киднапирањето на родителите на фудбалерот од редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Луис Дијаз, е дека двајцата се на слобода.

Според тамошните информации полицијата најпрво ја ослободила мајката Силенис Маруланда, а потоа и таткото Луис Мануел Дијаз. Двајцата родители на Диаз се спасени откако полицијата успеала да ги лоцира киднаперите и да ги ликвидира.

Според колумбиските медиуми, киднаперите биле на мотор кога насилно го запреле автомобилот во кој биле Луис Мануел Дијаз и Силенис Маруланда, влегле во него и потоа заминале во непознат правец. Киднапирањето е извршено во родниот град на Диаз, Баранкас во Колумбија.

Во акцијата за ослободување на родителите на Диаз биле убиене двете лица кои го извршиле киднапирањето со цел да изнудат пари од фудбалерот на Ливерпул.

Треба да знаете
Последни објави