Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Богданка Кузеска

Тоа најмногу ги боли Кузеска, СДС и Ковачевски. Граѓаните може да увидат разлика помеѓу градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и централната власт. На локално ниво и покрај сите опструкции од владата, и покрај задолжените општини секој ден се реализираат проекти за разлика од министерствата кои ништо не направија за доброто на граѓаните.

Впрочем сето тоа се отсликува и на довербата кон партиите. СДС поради катастрофалното владеење стана трета партија во Македонија. Придонес во ова имаат не само корупцијата, криминалот и неспособноста на функционерите на СДС, туку и фактот што локалните самоуправи раководени од СДС се ниту имаат проекти, ниту имаат отчет за својата работа.

Колку зборовите на Кузеска и на СДС вредат најдобро може да се измери на избори. Нека не се плашат како ѓавол од темјан и нека излезат на соочување со народот, па таму ќе се види кој колку сработил и кој колкава доверба има меѓу граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави