Search

Усвоена е резолуцијата на ОН со која се повикува на „хуманитарен прекин на огнот“ во Газа

Генералното собрание на Обединетите нации вечерва усвои резолуција со која се повикува на „хуманитарен прекин на огнот“ во Појасот Газа.

Резолуцијата подготвена од арапските држави не е обврзувачка, но има политичка тежина, пренесува Ројтерс.

За усвојување на резолуцијата гласаа 120 земји, 45 беа воздржани, а 14 членки на ОН беа против, меѓу кои Израел и Соединетите Американски Држави.

На седницата на Генералното собрание на ОН не беше усвоен амандманот на Канада со кој се бараше дејствијата на палестинската милитантна група Хамас против Израел на 7 октомври да се окарактеризираат како „терористички напади“, пишува Њујорк Тајмс и додава дека тоа било следено со громогласен аплауз во салата.

Сите арапски земји гласаа против усвојувањето на тој амандман.

Треба да знаете
Последни објави